[ВИДЕО] Редок момент снимен со дрон: Мајка мечка ги прошета своите мечиња на планината Јабланица

Точка

27/05/2026

16:00

839

Големина на фонт

а а а

Во последниот период сè почести се случаите на мечки кои се симнуваат од планинските предели во потрага по храна, а нивното присуство во близина на населени места привлекува големо внимание во јавноста.

Овие сцени, иако несекојдневни, стануваат сè почеста појава низ различни делови од земјава и воедно потсетуваат на важноста од зачувувањето на природата и нивните природни живеалишта.

Последниот ваков случај беше регистриран во Битола, каде граѓани снимија мечка во Градскиот парк. Видеото за кратко време се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.

Но, за разлика од средбите со мечки во урбани средини, Ловечкото еколошко планинарско здружение „Стризак“ од Лабуништа сподели поинаква и ретка глетка од дивината. Станува збор за видео снимено со дрон на планината Јабланица, на кое се гледа мечка со нејзините мечиња во нивното природно живеалиште.

„Редок момент снимен од дрон на планината Јабланица, браво“, стои во објавата која предизвика бројни позитивни реакции.

Автор на видеото е Шкелзен Ајрулаи, кој напиша:

„Едно од најубавите видеа што сум ги направил досега на нашите планини.“

Видеото прикажува редок и прекрасен момент од дивината, потсетувајќи нè колку е богата и вредна природата што ја имаме.