Експертите истакнуваат дека разговорот со домашните миленици може да им помогне на луѓето да се чувствуваат помалку осамено, поповрзано и емоционално порастоварено. Иако милениците не одговараат со зборови, самата интеракција кај многумина создава чувство на блискост, утеха и сигурност.
Зошто луѓето разговараат со домашните миленици?
Психологот Џозеф Лаино објаснува дека „антропоморфизацијата“ на милениците — односно припишувањето човечки карактеристики на животните — е сосема здрава појава, пренесува N1. hr.
„Разговорот со домашните миленици може да им помогне на луѓето да развијат емпатија и посилна емоционална поврзаност“, вели Лаино.
Психологот Мишел Голдман додава дека таквата комуникација често служи како начин луѓето да ги изразат своите емоции без страв од осуда, пишува „Parade“.
„Не е толку важно дали миленикот ги разбира зборовите, туку чувството на поврзаност што личноста го развива додека го прави тоа“, истакнува Голдман.

Седум особини на луѓето што разговараат со своите миленици
Тие се емпатични
Таквите луѓе често подобро ги препознаваат емоциите на другите и се почувствителни на туѓите потреби и невербални сигнали.
Тие се грижливи
Психолозите истакнуваат дека разговорот со домашен миленик покажува потреба за негување односи и грижа за друго живо суштество.
Ја ценат комуникацијата
Луѓето што разговараат со животни често уживаат во самиот процес на комуникација и изразување на своите мисли.

Емоционално се отворени
Полесно зборуваат за своите чувства и не се плашат да покажат наклонетост.
Разиграни се и имагинативни
Разговорот со животно често вклучува хумор, креативност и замислување како миленикот „размислува“ или реагира.
Често се поинтровертни
Некои експерти велат дека овој вид комуникација може да им обезбеди чувство на мир и емоционален одмор на интровертните луѓе по стресни социјални ситуации.
Тие се приврзани
Луѓето што разговараат со своите домашни миленици често имаат силна потреба за блискост и емоционална поврзаност.







