Крај на една ера: Последниот „BMW Z4“ излезе од производната лента

Точка

14/05/2026

07:00

307

Големина на фонт

а а а

„BMW“ и официјално го заврши производството на моделот Z4 во фабриката на компанијата „Magna“ во австрискиот град Грац.

Со тоа заврши приказната за спортскиот roadster, кој првпат беше претставен во 2002 година како наследник на моделот Z3.

Со заминувањето на Z4 од понудата, на „BMW“ му останува само еден кабриолет со платнен покрив – Серија 4 Cabrio.


Иако ваквите автомобили повеќе не се масовно популарни, многу љубители на автомобили сметаат дека исчезнувањето на уште еден roadster претставува крај на една посебна ера.

Семејство Z на "BMW" започна со моделот „BMW Z1“ кон крајот на осумдесеттите години на 20 век, познат по необичните врати кои се спуштаа во праговите на возилото.


По него пристигна „BMW“ Z3, а потоа и ексклузивниот „BMW Z8“, кој стекна голема популарност благодарение на појавувањето во филм за Џејмс Бонд.

Првата генерација на Z4 се појави во 2003 година, втората во 2009, додека актуелниот G29 дебитираше во 2018 година.


Последната генерација беше развиена во соработка со „Toyota“ и ја дели платформата со моделот „Toyota“ Supra.

Иако овојпат немаше вистинска M верзија, најмоќниот Z4 M40i користеше реден шестцилиндричен мотор од 3.0 литри со 340 коњски сили, а подоцна и со 387 КС.


Засега нема потврда дали Z4 ќе добие наследник.

„BMW“ молчи за иднината на семејството Z, но бидејќи „Toyota“ веќе развива нова Supra, не е исклучена можноста за нова соработка меѓу двете компании.