Како би изгледала табелата во ПЛ без ВАР? Арсенал и Сити ќе ги дели еден бод, Брајтон на позиција која води во ЛШ

Дерби

12/05/2026

12:53

170

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити утре ќе го одигра заостанатиот меч со Кристал Палас по што и официјално на сите екипи од Премиер лигата ќе им останат по уште два натпревари до крајот на натпреварувачката 2025/2026.

Доста драматично беше 36. коло, се уште се зборува пред се за случувањата на мечот Вест Хем-Арсенал каде во завршницата беше донесена одлука која на крајот можеби и ќе го реши прашањето околу титулата, но и опстанокот (на „чеканите“) во елитната англиска фудбалска конкуренција.

Со помош на ВАР беше поништен израмнувачкиот гол на Вест Хем преку Вилсон и тоа поради прекршок над голманот Раја. ВАР системот е алатка која некогаш дава, некогаш зема, има критики за начинот на кој се употребува, но што ако истата ја немавме во тековнава сезона во Премиер лигата.

И во тој случај би немале промена на водечките три места со таа разлика што Арсенал би имал само еден бод плус од Сити (сега е пет), Интересно е што Брајтон би бил четврти со седум поени повеќе од тоа што сега ги има, Борнмут исто така би напредувал, а Астон Вила и Ливерпул би се лизнале за едно, односно три места.