[ВИДЕО] Потегот на Мбапе утрово предизвика лавина реакции: Навивачите на Реал повеќе ништо не му веруваат

Точка

11/05/2026

16:46

572

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе повторно е под лупа на навивачите на Реал Мадрид, а неговиот последен потег предизвика нова бура во Шпанија.

Еден ден по поразот на Реал Мадрид во Ел Класико против Барселона, тренерот Алваро Арбелоа им дал слободен ден на играчите, но француската ѕвезда Килијан Мбапе сепак се појавил во тренинг-центарот Валдебебас и самостојно одработил тренинг.

Мбапе фотографија од тренингот објавил и на социјалните мрежи, но наместо пофалби, го дочекаа бројни критики од навивачите на Реал.

Многумина сметаат дека Французинот со тој потег се обидел да го поправи нарушениот имиџ во јавноста, откако го пропушти Ел Класико поради повреда.

„Претстава за камери“

„Сега се појави кога веќе ништо не е важно“, „Сето ова е претстава за камери“, „Сака да изгледа како лидер откако исчезна во клучниот момент“ – се само дел од коментарите што се појавија на социјалните мрежи.

Мбапе во последните недели е под жесток притисок од дел од мадридските навивачи, а шпанските медиуми сè почесто пишуваат дека дел од соблекувалната го гледа како еден од проблемите во тимот.

И покрај критиките, неговата статистика оваа сезона и понатаму е импресивна. Французинот на 41 настап за Реал постигна дури 41 гол и додаде шест асистенции, но навивачите му замеруваат што не бил одлучувачки во најголемите натпревари сезонава.