Реал Мадрид втора сезона по ред остана без трофеј, а ова значи дека пред Флорентино Перез и соработниците е супер важен период во кој мора да се донесат важни одлуки.
Потребни се промени кога е во прашање играчкиот кадар, но прво мора да се реши прашањето околу тренерот затоа што очигледно е дека Алваро Арбелоа не е соодветно решение.
Низ медиумите веќе на големо се говори дека прв фаворит на Перез е Жозе Мурињо кој демантираше дека имало контакти, ама остави простор тоа да се случи, поточно да се врати на „Бернабеу“,
Луис Фиго мина пет години во Реал и многу добро знае што се бара и според него Мурињо нема да биде добро решение за шпанскиот великан.
- Мора да знаете како да излезета на крај со 25 ега и да ги убедите тие играчи да одат во иста насока. Кога станува збор за односите во Мадрид, мора да дојде некој со здрав разум, некој што ја разбира таа средина. Ако ги погледнете тренерите кои биле успешни во Реал, ќе видите дека тие не се луѓе со силни раце – Зидан, Дел Боске, Анчелоти… Како некој што живеел во клубот, би рекол дека пристапот на Мурињо нема да функционира, - порача Португалецот.







