[ВИДЕО] Култната сцена во „The Matrix“ била сменета во последен момент - со години се криело што одбил да направи Кијану Ривс

Точка

11/05/2026

13:00

841

Големина на фонт

а а а

Повеќето луѓе се едногласни – таква сцена дефинитивно би го нарушила овој совршен филм којшто за многумина има култен статус во кинематографијата.

Култниот филм „The Matrix“ беше објавен во далечната 1999 година, а и денес по речиси 30 години е еден од најдобро снимените филмови некогаш, со ефекти кои ги поместиле границите во тоа време.

Сепак, еден интересен факт долго време бил криен, а се однесува на култната сцена во која популарниот Кијану Ривс има клучен ефект.

Сцената во која Нео (Кијану Ривс) ги запира куршумите во оригиналното сценарио на „The Matrix“ била прилично лоша. Имено, таму пишувало дека агентите пукаат во Нео, тој станува, им покажува среден прст и бега во лифтот.


За среќа, таа сцена била избришана од финалната верзија, не била ниту снимена, но не сме сигурни кој е заслужен за тоа – дали Кијану којшто воопшто одбил да сними таква сцена или сценаристот којшто го сменил сценариото во последен момент.

Што мислите вие?