Купил „Rolls-Royce“ по цена на старо „Polo“: Она што го нашол под хаубата за малку ќе го чинело здравје!

Точка

11/05/2026

08:15

2.415

Големина на фонт

а а а

Јутјуберот "Old Skull Garage" не можел да одолее. Автомобилот го пронашол за време на снимање видео за „гаражни откритија“, а набрзо и го купил, иако добро го знаел старото правило: ништо не е поскапо од евтин луксузен автомобил.

„Rolls-Royce“ е синоним за луксуз, британска аристократија и цени што повеќето луѓе никогаш не можат да си ги дозволат. Затоа звучи речиси неверојатно дека еден "Silver Shadow II" во Велика Британија можел да се купи за само 2.000 фунти – колку што чини дваесет години стар „Volkswagen Polo“.

На прв поглед, "Silver Shadow II" изгледал пристојно. Моделот е посебен по помодерен управувачки систем и масивни гумени браници кои пуристите не ги сакаат. Но, штом сопственикот почнал да го разгледува автомобилот однатре, станало јасно зошто цената била толку ниска.

Што се криело под хаубата

Климата работела сама од себе и го празнела акумулаторот. Инсталацијата била полна со импровизирани кабли оставени од претходните сопственици. Вистинскиот проблем, сепак, бил моторот од 6,75 литри: работел нерамномерно, се гушел и се гасел.

Дијагнозата – валкани свеќички. Но, „Rolls-Royce“ не е обичен автомобил. Наместо десет минути работа, јутјуберот поминал речиси три часа вадејќи усисници, одвојувајќи црева и „престојувајќи“ во преполниот моторен простор. Некои свеќички биле целосно уништени, а една дури се изгубила длабоко во шасијата при вадењето.

Кога свеќичките и истрошените црева за гориво биле заменети, моторот и понатаму не работел како што треба. Проблемот се криел во карбураторите: иглата во еден од нив била блокирана од години насобрана нечистотија и стврднат бензин. Дури по детално чистење, моторот со само пет литри свежо гориво повторно оживеал. Без тресење, без гасење. V8 конечно работел онака како што треба да звучи еден „Rolls-Royce“.

Евтин автомобил со неочекувана историја

Како шлаг на тортата, сопственикот открил дека овој "Silver Shadow II" учествувал на познатата трка "Prescott Hill Climb" во 2011 година – целосно неочекуван податок за автомобил кој денес едвај преживува.

Останува прашањето дали купувањето било паметен финансиски потег, бидејќи автомобилот веќе повторно губи течност за ладење. Но, за помалку од 50 фунти вложени во поправки и многу труд, овој јутјубер сега има возечки „Rolls-Royce“ – најевтиниот начин барем за миг да се почувствува како крал.