Џерард типуваше кој ќе ја освои титулата по првите полуфинални пресметки во ЛШ

Дерби

30/04/2026

16:15

166

Големина на фонт

а а а

Стивен Џерард беше стручен аналитичар за „ТНТ Спортс“ во уште една вечер посветена на Лигата на шампиони, а по виденото на првите средби во Париз и Мадрид, легендата на Ливерпул уште поцврсто стои до својот став од претходно.

Стиви Џи смета дека ПСЖ е главен и изразит фаворит за одбрана на трофејот во најелитното европско натпреварување, од едноставна причина што верува дека е подготвен да ја казни секоја грешка на Баерн и во Минхен, исто како што беше случај и во вторникот.

Џерард верува дека Атлетико и Арсенал не би имале што да бараат во финале со ПСЖ и Баерн, па негов фаворит е победникот од пресметката која ја гледавме во вторникот.

– ПСЖ е мојот избор од самиот старт на турнирот. Не се обложив финансиски на ПСЖ, но тие се мојот избор. После финалето кое го одиграа минатата година, сфатив дека тоа е тим кој игра на највисоко можно ниво, многу е тешко да ги победите и да ги надиграте.

– Знам дека може да изгледа ризично кога пропушташе предност од 5:2, но сметам дека ПСЖ ќе ги користи шансите кои не ги користеше Реал Мадрид во Минхен. Баерн остава многу простор, ПСЖ има играчи од светска класа и ќе знаат како да го казнат тоа и на реваншот, – вели Џерард.