Симеоне не е убеден дека Макели му помогнал на Атлетико: Во полуфинале во ЛШ треба нешто повеќе од ова…

Дерби

30/04/2026

16:13

126

Големина на фонт

а а а

Дани Макели се најде во центарот на вниманието со трите пенали кои ги досуди на „Метрополитано“, но на крајот еден од нив поништи, оној последниот направен над Езе.

За време на првата полуфинална пресметка, се доби впечаток дека холандскиот судија многу брзо го става свирчето во уста кога треба да се досуди пенал, па иако од Арсенал се пожалија дека неговата одлука да го поништи пеналот на Езе е чист подарок за Атлетико, Симеоне не е убеден дека судијата носел одлуки во корист на неговиот тим.

Чоло потсети дека луѓето од ВАР биле оние кои ја исправиле неправдата, бидејќи во двата случаи од кои профитираше неговиот тим, имало корекција од ВАР собата.

– Во полуфинале во Лигата на шампиони, треба нешто повеќе за да се досуди пенал. Тоа е моето мислење, за да досудите пенал во полуфинале, треба да биде чист пенал.

– Тука мислам на нивниот прв пенал, тоа беше судир и немаше некој голем интензитет. Потоа беше досуден уште еден пенал, но тоа се случи благодарение на ВАР. Судијата доби сигнал дека има игра со рака и досуди пенал за нас, а потоа го поништи нивниот втор пенал исто така поради реакцијата од ВАР. Тоа е што е, ВАР некогаш ви дава, а некогаш ви одзема, – порача Симеоне.