Огномет од голови: ПСЖ и Баерн одиграа едно од најдобрите полуфиналиња во историјата на ЛШ

Дерби

28/04/2026

23:08

289

Големина на фонт

а а а

ПСЖ и Баерн режираа фудаблски празник за сите искрени љубители на фудбалот, бидејќи во чиста спортска експлозија на теренот, режираа трилер со девет голови.

Два тима кои воопшто не размислуваат на одбрана се погрижи за огномет од голови за кој уште долго ќе се зборува во фудбалска Европа, па иако во еден момент се чинеше дека Баерн е пред елиминација, тимот на Венсан Компани се избори за активен резултат пред реваншот.

Лудилото беше најавено со ран гол на Кејн од пенал за 0:1, ПСЖ направи брз пресврт и првпат поведе со головите на Кварацхелија и Жоао Невеш, но Баерн брзо се разбуди и возврати со гол за 2:2 преку Олисе.

Пред крајот на првиот дел, Дејвис поради играње со рака направи пенал и му дозволи на ПСЖ да ја врати предноста преку Дембеле од пенал, па на пауза се замина со резултат 3:2.

Стартот на вториот дел донесе шокатен почеток за Баерн и ПСЖ со два гола на Кварацхелија и Дембеле зголеми на 5:2, а во тој момент се доби впечаток дека германскиот великан е грогиран.

Сепак, текот на натпреварот покажа дека тоа воопшто не е така, бидејќи Баерн не само што се врати во игра, туку и напаѓаше за израмнувачки гол.

Упамекано и Луис Диаз стрелаа за 5:4, Баерн имаше уште неколку полушанси за 5:5, додека ПСЖ преку Мајулу ја погоди гредата и не постигна шести гол.

Конечните 5:4 оставаат се отворено за реваншот во Минхен, па уште отсега познато е дека не чека уште еден фудбалски спектакл на „Алијанца арена“.

Деветте погодоци на „Паркот на принцовите“ погледнете ги ТУКА.