Откачен момент: Што правеше Гвардиола додека ПСЖ и Баерн го играа натпреварот на годината

Дерби

29/04/2026

16:22

149

Големина на фонт

а а а

ПСЖ и Баерн Минхен ја преплавија фудбалска Европа со спомени кои уште долго ќе се прераскужваат, но од друга страна, од Британија ни пристигна видео снимка која експресно стана хит на социјалните мрежи.

Додека двата европски великани играа натпревар за историја во Лигата на шампиони, Пеп Гвардиола се реши да гледа третолигашки фудбал, па оваа сцена брзо стана вирална на социјалните мрежи.

Во период кога ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови на „Паркот на принцовите“, менаџерот на Манчестер Сити гледаше меч од англиската Лига 1, односно дуелот меѓу Стокпорт и Порт Вејл.

Стокпорт е тим од Манчестер кој се обидува да избори промоција во Чемпионшип, но мора да се призна дека славниот стручњак не им донесе многу среќа на домаќините.

Порт Вејл успеа да слави со 1:2 против тимот кој се бори за промоција, а од друга страна, Пеп Гвардиола пропушти еден од најголемите спектакли во поновата историја на фудбалска Европа…