Премиер лигата го налути Сити со новите термини за клучните натпревари во првенството

Дерби

29/04/2026

15:31

167

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити се бори за трофеите во Премиер лигата и ФА Купот во завршницата од сезоната, но раководството на клубот било шокирано од начинот на кој лигата ги одредила термините за дел од одлучувачките дуели.

Пласманот во финалето на ФА Купот донесе потреба од менување на термините, а со новата одлука, Сити треба да одигра три тешки натпревари во период од седум дена.

Избраниците на Пеп Гвардиола треба да се сретнат со Кристал Палас на 13. мај, три дена подоцна е финалето на ФА Купот против Челси, за на 19. мај да мора да одат на гостување кај Борнмут.

Претставниците на Сити имале поинаков предлог за менаџирање со термините, но истиот не бил прифатен, со што екипата која се бори за титулата со Арсенал сега не ги крие фрустрациите од конечната одлука.

Од Сити имаат забелешки дека лигата не делувала според пропишаните принципи и дека Арсенал имал предност кога го одиграл заостанатиот натпревар со Волвс во деновите кога се играле натпревари во европските купови.

По жестокиот распоред, Сити ќе го одигра последниот натпревар со Астон Вила на 24. мај.