Сан Антонио избори место во втората рунда на НБА плејофот, победувајќи го утринава Портланд со 114:95, за конечни 4:1 во серијата.
Виктор Вембањама и соиграчите доминираа на домашен терен и без проблем ја обезбедија четвртата победа, со што Спарс првпат по 2017 година добија една серија во НБА плејофот.
Фокс со 21 поен беше предводник на победничкиот тим, додека Вембањама испорача 17 поени и 14 скокови.
Во следната рунда, Сан Антонио ќе игра против подобриот од серијата меѓу Денвер и Минесота, каде „волците“ во моментов водат со 3:2.
На Истокот, Њујорк ја прегази Атланта со 126:97, па по претходната негатива, сега води со 3:2 во серијата.
Филаделфија го победи Бостон на гостински терен, намалувајќи на 3:2, односно барем засега останува со теоретски шанси да направи пресврт против фаворитот.







