Продолжува гол серијата на Македонецот: Дориев распали од далечина за Согдиана

Дерби

29/04/2026

15:27

118

Големина на фонт

а а а

Македонскиот фудбалер, Љупче Дориев е во импресивна форма и реди голови за Согдиана во првенството на Узбекистан.

Нашиот репрезентативец на последните шест првенствени натпревари иако постигнато исто толку погодоци, а последниот дојде против Термез Суркхон.

Домаќините славеа со 5-2, триумф кој го најави токму Дориев со атрактивен гол од далечина во 11 минута.

Офанзивецот севкупно седумпати ги тресеше противничките мрежи и во моментов е лидер на листата на стрелци. Согдиана пак со 9 бода е на 13. место на табелата.