Мис Црна Гора со „IQ“ од 135 стана членка на Менса: „Се вброив меѓу помалку од 1% од светската популација“

Точка

29/04/2026

08:35

764

Големина на фонт

а а а

Мис Црна Гора, Андреа Николиќ откри дека станала членка на Менса Црна Гора со коефициент на интелигенција од 135, што ја вбројува во помалку од еден процент од светската популација. Таа го објавила овој голем успех на социјалните мрежи.

„Од денес, официјално сум членка на Менса! Откако го положив тестот за интелигенција во Менса, го исполнив условот за членство вбројувајќи се меѓу помалку од 1 процент од светската популација. Ова ме направи првата Мис Црна Гора која успеала да стане членка на Менса“, напишала Николиќ.

Таа смета дека е голема чест и привилегија да се стане член на Менса, организација со глобален кредибилитет која ги обединува исклучителните поединци.


„Неописливо сум горда што успеав да докажам дека со труд и посветеност, стереотипите лесно можат да се скршат“, рекла таа во објава на Инстаграм,а следбениците ѝ честитале за овој успех.

„Браво! Нашата најдрага претставничка досега. Минатата година поттикна голем дел од населението да го следи твојот пат“, „Големо браво“, „Честитки“, се дел од коментарите.


Инаку во неодамнешното интервју за Адрија ТВ, Андреа изјавила дека убавината и титулата не се мерило за вредноста на девојката.


„Ми се чини дека титулата се гледа како вредност и зад неа се кријат оние на кои им недостасуваат основни квалитети и добри манири, а тоа можете да го видите и во академските кругови. Гледате такви луѓе на раководни позиции во државните институции и затоа е важно мисицата, односно девојката која сака да се пријави на изборот за Мис, да биде доволно свесна, самосвесна и зрела, да се пријави првенствено од љубов кон својата земја и желба да ја претстави во светот што е можно подостојно и да биде нејзин дипломат и амбасадор“, нагласила Николиќ.


Овогодишниот натпревар за Мис Црна Гора ќе се одржи во Бечиќи, а таа ќе ѝ ја предаде круната на победничката.