Зои Кравиц за првпат јавно го покажа свршеничкиот прстен, а заедно со фотографиите од Њујорк испливаа и нови детали за запросувањето од Хари Стајлс.
Актерката била видена како без прикривање носи импресивен дијамантски прстен, кој веднаш привлекол внимание поради својата големина и дизајн.
Прстен што не поминува незабележано
Според проценките на експерти, станува збор за исклучително вреден накит. „Прстенот на Зои изгледа како дијамант од десет карати во овален облик, поставен во жолто злато. Веројатно е изработен по нарачка и вреди околу милион долари. Поставен е во ‘bezel’ техника, која моментално е многу популарна“, изјавил Крис од „The Diamond Bank“ во Лос Анџелес за „Дејли Мејл“.
Кравиц го носела со лежерна комбинација, но токму контрастот меѓу едноставната облека и раскошниот прстен дополнително го истакнал неговиот ефект.
Запросување како од филм
Според информации од нејзиниот круг, актерката без двоумење го прифатила запросувањето. Извор наведува дека станува збор за „старомоден, романтичен“ гест, на кој не можела да одолее бидејќи е „лудо вљубена во него“.
Се додава и дека особено го цени начинот на кој пејачот ја поддржува: „Ја поддржува на убав и нежен начин.“
Врска која брзо се развивала

Парот првпат бил виден заедно минатото лето, а наскоро почнале и заеднички излегувања кои ја потврдиле сериозноста на врската.
Дополнителна потврда за тоа било кога Хари почнал да поминува време и со нејзиниот татко, легендарниот Лени Кравиц. Музичарот неодамна признал дека по долга пауза од кариерата сфатил оти во животот му недостасува семејство и вистинска блискост, а се чини дека токму во Зои ја пронашол вистинската личност за тоа.
Во меѓувреме биле забележани во Лондон, Рим и Њујорк, а сè почестото појавување во јавноста поттикнало шпекулации за веридба, кои сега се покажаа како точни.
Ново поглавје за двајцата

Ова е првпат Хари Стајлс да се сврши, додека Зои Кравиц зад себе веќе има брак со Карл Глусман, како и веридба со Ченинг Тејтум.
Извори блиски до парот истакнуваат дека нивната врска делува поинаку од претходните и дека двајцата се подготвени за ново животно поглавје.










