Следува плејофот во кошаркарската Евролига, но пред тие возбудувања ги имаме десетте најдобри моменти од плејин фазата во која за билети за разигрувањето се изборија екипите на Панатинаикос и Монако.
Од дуелите во Атина, Барселона и Монако ги имаме потезите кои оставија најголема трага, листа која ја предводи членот на ПАО, Матијас Лесор со супер забивањето против францускиот прволигаш.
Инаку МВП на плејинот беше повремениот македонски репрезентативец Ти-Џеј Шортс кој блесна против Монако со 21 поен, 3 скока, 2 асистенции, 1 украдена топка и 3 изнудени фаули.





