Мартинез за Роналдо: Не гледам знаци…

Дерби

15/05/2026

14:51

283

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо веќе три години настапува надвор од Европа и тоа во Саудиска Арабија каде е дел од составот на Ал Наср.

Тој се уште чека на позначен трофеј со овој клуб, но тоа може да се промени токму во оваа сезона во која составот од Ријад е на добар пат да стане шампион.

Ветеранот од друга страна има одлични бројки и во тековнава сезона е на учинок од 26 гола и 3 асистенции во шампионатот, самодвербата е на високо ниво и се очекува да има значајна улога за Португалија на престојното СП.

- Кристијано продолжува да има голема желба за победа и не гледам знаци дека неговото ниво паднало откако дојде во Саудиска Арабија. Тој игра исклучително добро и ја докажа својата важност за португалската репрезентација. Неговата страст продолжува, дури и по сите успеси и достигнувања што ги постигна, а таа глад е доста извонредна.

- Сепак, само достигнувањата не се доволни за да се гарантира место во националниот тим. Исто така е потребно да се придонесе за успехот на тимот. Иако е капитен и постигна невиден успех што го демонстрира неговиот исклучителен талент, тој има исти одговорности како и секој друг играч во националниот тим, - порача селекторот на Португалија, Роберто Мартинез.