На неодамна одржаниот „UFC 328“ можеби ја видовме и најголемата сензација во поновата историја на „UFC“, со оглед на тоа што Шон Стрикланд го победи Хамзат Чимаев и стана шампион. Сепак, за еден борец од истиот настан особено многу се зборуваше и пред, но и по приредбата.
Станува збор за украинскиот борец Јарослав Амосов, кој ги воодушеви сите со јубилејната 30-та победа во кариерата, совладувајќи го Жоел Алварез со „arm-triangle“ задушување во втората рунда.
Меѓутоа, она за што најмногу се зборува, покрај феноменалната победа, е и дел од приватниот живот на Амосов, кој учествувал на фронтот во војната во Украина.
Амосов во 2022 година привремено решил да ја прекине кариерата за да му се приклучи на отпорот во Украина. Тогаш се вратил во родниот Ирпин, град кој беше разурнат во раните фази од војната, а меѓу урнатините на семејната куќа го пронашол и својот шампионски појас од „Bellator“, кој претходно го освоил.
🔥 Cet homme va devenir un problème !@YaroslavAmosov s'impose par soumission au deuxième round
— UFC France (@UFCFRA) May 10, 2026
📺 Regarde les prélims de l’#UFC328 EN DIRECT sur UFC Fight Pass et 🇫🇷 RMC Sport pic.twitter.com/I5vlQ5hQ5F
Фотографиите од Амосов и неговиот појас брзо се проширија на интернет, а и самиот борец истакна колку емотивно го доживеал тој момент.
„Појас со голема историја. Мајка ми сигурно го сокрила и преживеал бомбардирање. Сега сигурно нема да го дадам – напиша тогаш Амосов на социјалните мрежи.
Инаку, Амосов и денес важи за еден од најопасните велтер борци во светот, а со оглед на неговиот скор 30-1, тоа и не е изненадување.
Украинецот досега има одработено и два меча во „UFC“, бидејќи пред Алварез славеше и со „Anaconda choke“ против Нил Магни, во декември 2025 година.






