[ВИДЕО] „Ени, дали си ОК?“: Откриена невообичаена приказна зад најголемиот хит, еве која е девојката од хит-песната на Мајкл Џексон

Точка

27/04/2026

20:36

376

Големина на фонт

а а а

Мајкл Џексон во 1987 година го покажа танцот што го полуде светот, но и постави прашање на кое дури неодамна пристигна одговор.

Песната „Smooth Criminal“ на еден од најпознатите изведувачи на поп-музиката, Мајкл Џексон, го полуде светот не само поради ритамот и познатиот танц што ѝ пркоси на гравитацијата, туку и поради прашањето „која е Ени“ од песната. Стиховите „Annie, are you OK?“ станаа култни, а многумина со години се прашуваа дали таа е вистинска личност и дали некој настан од минатото на Мајкл го инспирирал создавањето на песната.

Која е Ени?

Мајкл Џексон славното прашање, пред хитот „Smooth Criminal“, го поставувал од една неочекувана причина – обука за давање вештачко дишење.

Во курсевите за реанимација на кои одел со своите браќа, често се користи кукла за вежбање позната како „Resucitation Annie“. За време на обуката, ве учат жртвата, во овој случај – Ени – да ја прашате дали е добро, за да проверите во каква состојба е лицето пред да се започне со давање прва помош.

Токму тоа прашање „Ени, дали си ОК?“ завршило во песната, бидејќи Џексон бил фасциниран од ритамот и драматичноста.

Тајната еднаш ја открил соработник на Мајкл Џексон, кој ја објаснил важноста на повторувањето на фразата што потоа станала култна. Песната „Smooth Criminal“ е објавена во 1987 година како дел од легендарниот албум „Bad“.

Периодов наголемо се зборува за Мајкл Џексон поради премиерата на биографскиот филм наречен „Michael“ во кој главната улога ја толкува неговиот внук Џафар Џексон. Филмот го следи неговиот подем од детството во групата „Jackson 5“ до глобалната слава, но и предизвиците и контроверзиите што го одбележаа неговиот живот.