Македонската фитнес инструкторка Ана Стојанова веќе со години работи како онлајн тренер, а нејзините програми ги следи цела армија од жени кои сакаат да го обликуваат телото и да ослабнат.
Таа програмите често ги снима на егзотични дестинации како Бали и Тајланд, а програмата за ова лето 2026 одлучи да ја сними во Рио Де Жанеиро во Бразил.
Иако повеќето сметаат дека патувањата во Рио, особено во фавелите се опасни, Ана без проблем се качи на мотоцикл и одлучи да го сними, како што вели таа, „најјакиот Summer Challenge до сега“.
Локалците дури учествуваа и во снимањето на промо видеото за нејзината програма.
„Oi Rio, already feeling that carioca energy. ʼКариокаʼ личност од Rio de Janeiro, препознатлива по опуштен начин на живот, култура поврзана со плажа и енергија полна со живот. Први денови во Рио, се фаќа боја и се спремаме за снимање на Summer Challenge 2026. Годинава ќе се надминеме повторно. Ова не е само предизвик, ова е цел животен стил и цел филм вреден за гледање. Правиме работи за паметење и нешто што никој не би се осмелил“, стои во описот на една од објавите на Стојанова.










