Археолози првпат со помош на "AI" го реконструираа изгледот на жртва од ерупцијата на Везув

Точка

27/04/2026

19:21

360

Големина на фонт

а а а

Археолозите веруваат дека мажот загинал поради дожд од вулкански камења.

Археолозите во Помпеја за првпат со помош на вештачка интелигенција (AI) го реконструираа изгледот на една од жртвите од ерупцијата на Везув, а сликата што денес ја објави Археолошкиот парк Помпеја прикажува маж кој се обидува да се заштити додека во позадина се гледа вжарениот вулкан.

Реконструкцијата е базирана на неодамнешно откритие на посмртни остатоци на возрасен маж, пронајдени веднаш надвор од една од јужните порти на градот, покрај теракотен аван за кој се претпоставува дека го користел како заштита, пренесува „Reuters“.

Археолозите веруваат дека мажот загинал поради дожд од вулкански камења во раните утрински часови од вториот ден на ерупцијата, додека се обидувал да избега кон морето.

Кај себе имал и ламба и 10 бронзени монети.

Per la prima volta, il Parco Archeologico di Pompei ha utilizzato strumenti di intelligenza artificiale per proporre, in...

Posted by Pompeii - Parco Archeologico on Monday 27 April 2026

Директорот на археолошкиот парк Габриеле Цухтригел изјави дека вештачката интелигенција, ако се користи правилно, може да придонесе за обновување на класичните студии и да овозможи „поживописно претставување на античкиот свет“.

Некогаш просперитетниот град Помпеја, околу 25 километри југоисточно од Наполи, бил затрупан за време на ерупцијата на Везув во 79 година од нашата ера, при што под слоеви пепел биле сочувани градби, предмети и графити.

Повторно откриен во 18 век, денес претставува едно од најзначајните археолошки наоѓалишта во светот и една од најпосетуваните туристички дестинации во Италија, со 4,3 милиони посетители во 2024 година, пренесува „Танјуг“.