[ВИДЕО] Македонецот растура во Узбекистан: Дориев не престанува да стрела за Согдиана

Дерби

24/04/2026

07:21

239

Големина на фонт

а а а

Љупче Дориев продолжува да игра во супер форма за Согдиана во првенството на Узбекистан каде постигна уште еден гол, овојпат во пресметката со Навбахор Наманган.

Македонскиот репрезентативец беше автор на единствениот погодок за гостите во ремито од 1-1. Дориев се најде на вистинското место во 71. минута и со одмерен удар донесе водство за Согдиана, резултат кој беше активен до 94 минута кога домаќините реализираа и се изборија за бод.

Ова за некогашниот фудбалер на Шкендија беше четврти погодок на последните три средби за Согдиана односно досега има учинок од 6 гола и 1 асистенција на 8 лигашки натпревари.