Англиската прогноза за фаворитите на Мундијалот ги разбесни Хрватите

Макфакс

24/04/2026

12:28

276

Големина на фонт

а а а

Објавени се првите прогнози за претстојното Светско првенство на ФИФА, кое ќе се игра од 11 јуни до 19 јули во Мексико, Канада и САД.

Еден од најпознатите сајтови за фудбалска статистика и анализа „Опта Џо“ објави предвидувања за најголемите фаворити на Светското првенство на северноамериканскиот континент.

На 48 дена до почетокот на турнирот, најголеми шанси за освојување на трофејот му се даваат на актуелниот европски шампион Шпанија (16,3 проценти).

Актуелниот шампион Аргентина е на четвртото место со веројатност од 10,7 отсто, а доколку повторно станат светски шампиони, „гаучосите“ ќе станат првата репрезентација по Бразил во 1962 година што ја одбранила титулата.

Поголеми шанси им се даваат на Франција (12,4%) и Англија (11,3%), додека зад Аргентина на Меси е Португалија на Кристијано Роналдо со 6,9 отсто шанси.

Бразил (6,1), Германија (5,7), Холандија (3,9), а донекаде неочекувано Норвешка (3,4), пред Белгија (2,3), Колумбија (2) и Мароко (1,7).

Третопласираната селекција од претходниот Мундијал и финалистот од 2018 година, Хрватска е рангирана на 17-то место со само 1,3 отсто шанси за титулата, колку пто имаат и домаќинот САД, а пред нив се Уругвај, Мексико, Еквадор и Швајцарија.

„Нема да верувате колку ја потценија Хрватска пред Светското првенство, ова нема да им го заборавима“, пишува „Вечерњи лист“.

Аутсајдерите Курасао, Хаити, Зелено’ртски Острови, Саудиска Арабија и Катар се сместени на дното од скалата и немаат шанси (0%).

Вториот претставник на поранешна Југославија, репрезентацијата на БиХ, е на 32-то место со 0,2 проценти шанси.