Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан привлече внимание на овогодишната „LACMA Art+Film Gala“ во Лос Анџелес, каде што се појави во впечатлив бордо фустан потпишан од модната куќа „Gucci“.
Имено, станува збор за долг фустан покриен со светки, со долги ракави и затворено деколте. Иако кројот на прв поглед изгледа елегантен и ненаметлив, креацијата има исечоци од страните и отворен грб, што му даде на целото издание похрабра нота.

Ким Кардашијан во долг бордо фустан со светки и страничен исечок
Ким ја надополни комбинацијата со црни високи потпетици, додека косата ѝ била стилизирана брановидно. За вечерниот изглед, таа избра нагласена шминка за очи во темни тонови и неутрален кармин, а накитот го сведе на минимум за да го задржи фустанот во преден план.
Кардашијан е редовен гостин на овој настан, а на „LACMA Art+Film Gala“ за првпат пристигна во 2014 година, во придружба на нејзиниот тогашен сопруг Канје Вест. Овогодишното издание ја одбележа 15-годишнината од настанот.

Нагласената шминка за очи и темната коса го заокружуваат вечерниот изглед
Гала вечерта се одржа на 7 ноември во Музејот на уметност во округот Лос Анџелес, а домаќини беа актерот Леонардо Дикаприо и Ева Чоу. Оваа година, награди им беа доделени на уметницата Вија Селминс и режисерот Денис Вилнев, додека Розе од „Blackpink“ беше задолжена за музичката изведба.

Портрет на Кардашијан меѓу осветлените столбови пред музејот

Страничниот исечок го истакнува струкот на бордо креацијата

Поглед одзади кон отворениот грб на фустанот

Целосниот изглед на креацијата со долг шлеп

Бордо фустанот со долги ракави и затворено деколте во преден план
Насловна фотографија: Ким Кардашијан во бордо креација на „Gucci“










