[ФОТО] Необичен стајлинг кој привлече внимание на „CFDA“: Сите мислеле дека носи дамски фустан, но потоа се свртела и го покажала задникот

Точка

05/11/2026

07:00

799

Големина на фонт

а а а

Џун Емброс успеа да го привлече вниманието на светот со навидум едноставна модна комбинација. Погледнете зошто нејзиното модно издание беше тема на разговор кај модните критичари.

Доделувањето на модните награди „CFDA“ собра бројни ѕвезди од светот на шоу-бизнисот. Многу дами од светот на филмската и модната индустрија имаа можност да блеснат на настанот, но една посебна жена го привлече вниманието на јавноста. Станува збор за дизајнерката Џун Емброс и нејзиниот смел аутфит.


За оваа пригода, познатата модна дизајнерка одлучи да носи навидум елегантна модна комбинација составена од блескав фустан-капут и шик шапка. Таа додаде чантичка во црна боја на комбинацијата, како и софистицирани салонки кои ја издолжуваа нејзината фигура.

Креацијата на дизајнерот Марк Џејкобс ја истакна нејзината рафинирана страна, може да се каже женствената, што воодушеви многумина, но само на прв поглед...

Вистинско изненадување се случило кога Џун се свртела и го покажала својот гол задник. Се чини дека овој фустан-капут имаше и еден секси детаљ, односно длабок шлиц на грбот кој откри повеќе отколку што треба.


Со тоа, „женското“ издание на Џун доби провокативна нота што беше тешко да се игнорира...

Што се однесува до остатокот од стајлингот, таа го заокружила со впечатлива шминка и високо стилизирана пунџа.