Новинарката Дијана Русини, која следи „NFL“, дала отказ во „The Athletic“, спортски медиум во сопственост на „The New York Times“. Оставката следела помалку од една недела откако биле објавени фотографии на кои е во друштво со тренерот на „New England Patriots“, Мајк Врабел, што во вторник за „NBC News“ го потврдил портпарол на „Times“.
Фотографиите, кои минатиот вторник ги објавил „New York Post, ја ги прикажуваат Русини и Врабел како се дружат покрај базен, во џакузи и на кровна тераса на луксузниот хотел „Ambiente“ во Седона, Аризона. На две фотографии нивните раце се испреплетени. И Русини и Врабел се во брак со други лица.

Писмо за оставка
Русини на социјалната мрежа „X“ го објавила своето писмо за оставка упатено до извршниот уредник на „The Athletic“, Стивен Гинсберг.
„Целата моја кариера професионално и посветено го следам „NFL“ и стојам зад секоја приказна што некогаш сум ја објавила“, навела таа.
„Кога написот во „Page Six“ првпат беше објавен, „The Athletic“ ми даде недвосмислена поддршка, изрази доверба во мојата работа и гордост за моето новинарство. Благодарна сум за тоа. За жал, во деновите што следеа, коментаторите во различни медиуми покренаа спирала од шпекулации која е целосно одвоена од фактите“, напишала Русини.
„Покрај тоа, оваа медиумска хајка продолжува без запирање, без да се обѕира на интерна проверка што „The Athletic се обидува да ја заврши. Ситуацијата продолжува да ескалира, поттикната од повторени протекувања на информации, и не планирам да се подложам на јавна истрага која веќе ми нанесе повеќе штета отколку што сум спремна да прифатам“, додала.
„Наместо да дозволам тоа да продолжи, одлучив веднаш да се повлечам, пред истекот на договорот на 30 јуни. Тоа не го правам затоа што ја прифаќам приказната што е создадена околу овој настан, туку затоа што одбивам да ѝ давам дополнителен замав и не сакам да дозволам да ме дефинира мене или мојата кариера“, заклучила Русини.
I submitted my letter of resignation to The Athletic. Everything I have to say about it is below. pic.twitter.com/401nrtbEsj
— Dianna Russini (@DMRussini) April 14, 2026
„The Athletic“ спроведува истрага за нејзиното однесување
„The Times“ во текот на викендот објави дека „The Athletic“ спроведува истрага за однесувањето на новинарката. Веста за истрагата следела откако уредникот Гинсберг првично ги нарекол фотографиите „заведувачки и без клучен контекст“.
„Стануваше збор за јавни интеракции пред многу луѓе. Дијана е врвна новинарка која го следи „NFL“ и горди сме што е дел од ‘The Athletic’“, изјавил тој тогаш.
Меѓутоа, во порака до вработените во „The Athletic“ во вторник, Гинсберг навел дека раководството на порталот „ја сфатило оваа работа сериозно од моментот кога дознавме за неа“ и ја признал промена во комуникацијата.
„Кога минатата недела дознавме за оваа ситуација, постоеше јасна загриженост, но добивме детално објаснување и нашиот прв инстинкт беше да ја поддржиме и одбраниме колешката додека продолжуваме со проверката“, стои во пораката на Гинсберг до која дошле извори од „The Athletic“.










