Во јануари потпиша шестгодишен договор, денеска заработи отказ: Челси го „шутна“ Росениор, екипата доби нов тренер

Дерби

22/04/2026

18:55

456

Големина на фонт

а а а

Челси игра очајно во последно време, забележа катастрофални резултати, а големата криза и осумте порази на претходните девет натпревари (во сите конкуренции) ја натераа управата на клубот да го разреши тренерот Лиам Росениор.

Оваа одлука е донесена по последниот пораз од Брајтон во Премиер лигата (3-0) или поточно водечките луѓе на клубот се решија да му врачат отказ на човекот на кого му дадоа шестгодишен договор во јануари, го промовираа како идеален наследник на Енцо Мареска, односно го „извлекоа“ од Стразбур каде имаше добри резултати за да се откажат од него по само неколку месеци.

Лиам на клупата на премиелригашот издржа точно 107 дена, период во кој Челси забележа 11 победи на 23 средби во сите конкуренции.

Тимот од Лондон воедно и објави дека функцијата прв тренер до крајот на кампањата ќе ја извршува Калум Мекферлејн кој веќе ги водеше „сините“ на две средби во кампањата против Фулам и Манчестер Сити.