Трогателно писмо од сопругата на починатиот Манингер: „Уништена сум, како и нашето семејство“

Точка

22/04/2026

17:02

958

Големина на фонт

а а а

Неколку дена по трагичната смрт на поранешниот австриски голман Александер Манингер, неговата сопруга Емили се огласи со трогателна порака на „Facebook“. Да потсетиме, Манингер почина на 16 април откако бил прегазен од воз на железнички премин без рампа во Нусдорф ам Хаунсберг, недалеку од Салцбург. Во емотивното писмо, сопругата се потсети на нивниот семеен живот и зборуваше за Манингер како татко, пријател и сопруг.

Трогателната порака на Емили Манингер

„Алекс, не можам со зборови да ја опишам незамисливата болка што ја чувствувам. Ние не сме семејство кое ваква болка ја споделува јавно, но немам избор бидејќи ме преплави бран на љубов од целиот свет. Сметам дека е важно да се каже каков човек беше дома, покрај тоа што беше исклучително ценет на теренот.

Денес седам дома со нашето семејство, обидувајќи се да прифатам дека ова е нашата реалност. Речиси е невозможно со зборови да се опише трагедијата со која се соочуваме како семејство. Сепак, дозволи ми да се обидам. Алекс, ти благодарам за нашите два сина, Александер и Николас. Тие се моето срце и душа.


Често зборувавме за тоа како сè се одвиваше точно онака како што си планирал. Толку многу посакуваше деца, но дури по кариерата, кога знаеше дека ќе имаш време за нив. Токму тоа и го направи. Алекс, беше најпрекрасниот татко за нашите момчиња, тие те обожаваа. Да бидам твоја сопруга беше моето најсреќно место.

Не ми беше само сопруг, туку и мој најдобар пријател. Секогаш можев да се потпрам на тебе, што и да ни требаше. Имавме толку совршен живот. Толку многу работи правевме заедно: шетавме, летно време одевме со чамец по езера, веславме на штица, игравме коцки, планинаревме, скијавме, игравме голф и со децата престојувавме во прекрасни планински хотели – списокот е бескраен.

Alex,


I cannot express the unimaginable pain I am feeling. We are not the sort of family to share such sorrow and pain...

Posted by Emily Manninger on Sunday 19 April 2026

Салцбург е нашиот дом. Се чувствувам толку привилегирано што со нашите деца живеам на толку убаво и безбедно место и ти благодарам што на нашето семејство му овозможи ваков живот. Знам колку ме сакаше мене и нашите момчиња. Те обожававме, Лекс, а нашите семејства беа толку среќни за нас.

Имаше круг на верни вистински пријатели, што многу зборува за твојот карактер. Тие пријатели сега ми даваат поддршка и во нив наоѓам огромна утеха. Имаше големо влијание врз многу луѓе што ги запозна. Беше човек кој неизмерно ги почитуваше другите: смирен, искрен, организиран, мотивиран, љубезен и верен.

Беше многу образован и зборуваше неколку јазици. Многу патуваше, беше искусен и разумен. Ми беше толку интересен, а и многумина други сакаа да седат и да разговараат со тебе.


Беше фантастичен син на својата прекрасна мајка. Веста за твојата смрт ме уништи како личност, како и целото наше семејство. Сега морам да бидам силна за тебе и за нашите деца. Не верувам дека го заслуживме ова, но верувам дека горе постои Бог и дека те примил кај себе, покрај твојот татко.

Ги молам сите што го прочитаа ова да се молат за моите деца. До нашата повторна средба, ти благодарам, Лекс. Ќе те сакам засекогаш. Твојата девојка Емили“.