[ВИДЕО] Вардар се подготвува за ракометен спектакл во „Јане Сандански“, Вујо испрати порака до „Комити“

Дерби

22/04/2026

12:48

267

Големина на фонт

а а а

Веселин Вујовиќ е жива легенда на Вардар и воедно на Балканот како човек кој остави голема трага во ракометот, но поради блискоста која ја негува со Скопје, популарниот Вујо се јави со видео обраќање за спектаклот кој се очекува во „Јане Сандански“.

На натпреварот против Алкалоид од Суперлигата, Вардар ќе прослави 65-годишнина од своето постоење, а поради тој повод, Вујо ги повика фановите да дојдат во што е можно поголем број.

– Човекот кој испиша важен дел од историјата на клубот, миленикот на навивачите, нашиот Веселин Вујовиќ-Вујо, по повод 65 роденден на РК Вардар, упати порака и покана до сите навивачи, да присуствуваат на натпреварот во четврток, против екипата на Алкалоид.

– Натпреварот кој ќе се одигра во СЦ. ,,Јане Сандански”, ќе започне во 18:00ч. а час и половина порано, на платото пред салата ќе има фан-зона, поддржана од спонзорите, која ќе биде наменета за сите посетители, – порачаа од Вардар.

– Ве повикувам да дојдете на натпреварот Вардар – Алкалоид, тоа е меч на кој ќе се одбележи 65 години од основањето на клубот – најголемиот клуб која го дала Македонија.

– Ги повикувам сите навивачи, сите „Комити“, сите љубители на ракометот….. Заедно да го прослави 65-от роденден на клубот, – порача Вујо.