Кол Џермејн Палмер од 2023 година е дел од Челси, клуб во кој пристигна од Манчестер Сити и веднаш направи разлика во таборот на „сините“.
Меѓутоа офанзивецот ги нема тие бројки што ги имаше по преселбата на „Стемфорд Бриџ“, па така сезонава е на учинок од 10 гола и 3 асистенции на 27 средби во сите конкуренции, па во изминатиов период се појавија вести дека посакува да се врати во Манчестер и дека е отворен да потпише за Јунајтед.
Кол се немаше огласено на оваа тема за да сега јасно и директно за „Гардијан“ објасни какви се работите и која е реалноста.
-Сите само зборуваат. Кога го гледам тоа, само се смеам. Очигледно Манчестер е мојот дом. Целото мое семејство е таму, но не ми недостига. Можеби ќе ми недостига ако не одам три месеци или нешто слично. Но, кога ќе се вратам дома, мислам дека таму нема ништо за мене. Немам план да си замиам од Челси. Сè уште имаме многу за што да играме. Имаме полуфинале во ФА Купот и ако завршиме на место во Лигата на шампионите, тоа нè става во добра позиција да потпишеме играчи што ни се потребни.
-Разговаравме со сопствениците и тие се сигурни за играчите што ќе го сторат тоа. Рис нема да потпише шестгодишен договор ако не разговара со сопствениците и директорите. Јас и Рис многу разговаравме. За работите што ни се потребни, играчите што треба да ги потпишеме и како треба да бидат работите. Тој не би потпишал нов договор ако не знаеше што се случува.
-Сакаме да победуваме сега и мислам дека ако додадеме вистински играчи на лето, можеме да се натпреваруваме за сериозни трофеи следната сезона. Не мислам дека сме далеку.
-Ако ги ангажирате вистинските играчи на вистинските позиции и вистинските карактери и профили, мислам дека имаме повеќе од доволно квалитет за да се натпреваруваме и да бидеме поконзистентни отколку што покажавме во текот на оваа сезона. Доведувајќи менаџер во средината на сезоната, немате предсезона, едвај имате време за тренинг. Само се фокусирате на натпреварите. Но, менаџерот е добар и кога има соодветна предсезона и ги пренесува своите идеи правилно и на начинот на кој сака да игра, тој е врвен тренер. Ако ние како играчи играме онака како што треба и ги добиеме вистинските играчи, можеме, тој и ние како група, да работиме малку, -порача Палмер.
Челси вечерва е домаќин на Манчестер Јунајтед во дербито во Премиер лигата.











