Анчелоти го избра својот фаворит за титулата во ЛШ откако Реал испадна во четвртфиналето

Дерби

18/04/2026

13:12

229

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти е единствениот тренер кој има освоено пет титули во Лигата на шампионите, а како човек кој навистина знае колку може да биде трнлив патот до највисок пласман, сега си даде за право да направи свој тип за завршницата од најелитното натпреварување.

Елиминациите на Барселона и Реал Мадрид предизвикаа голем удар во Шпанија и стана јасно дека најмоќните клубови од Пиринеите не се така моќни како до пред некоја сезона, а во очите на Дон Карло, од преостанатите четири тима, најконстантен и најцврст и ПСЖ.

Анчелоти смета дека тимот на Луис Енрике ќе ја одбрани титулата во најелитното натпреварување, бидејќи според него првиот фаворит на букмејкерите (Баерн Минхен) остава премногу простор во одбрана и овозможува шанси за ривалите со брзи транзиции.

– Во изминатава рунда гледавме натпревари со голем број на голови, тоа го видовме на пресметките меѓу Атлетико Мадрид и Барселона, но и на Баерн Минхен против Реал Мадрид. Имаше возбудливи моменти за фановите, но толку многу голови значат дека беа направени и многу грешки. Голманите и дефанзивците правеа грешки, играта со висок пресинг и човек на човек носи константен ризик, па резултатот може да се менува од минута во минута.

– Според мене, титулата во Лигата на шампиони повторно ќе заврши во Париз. ПСЖ е најдобриот клуб и мислам дека повторно ќе биде најдобар, – изјави Анчелоти за „Ил Џорнале“.