Фудбалерите на Вардар остварија рутински триумф над Шкупи од 7-0 во првиот денешен натпревар од 28. коло во Првата македонска лига.
Ова треба да биде големо дерби, фудбалски празник, но двата клупа се во различна ситуација во оваа сезона, разликата е преголема и „црвено-црните“ без проблеми го решија овој предизвик и се вратија на првото место на табелата со плус еден во однос на Шкендија.
Првиот дел заврши со 3-0 за гостите со погодоците на Закариќ, Бабунски и Рустеми кој си постигна автогол. Во второто полувреме во листата на стрелци се запишаа Тодоровски, Цветковиќ, Спахиу и капитенот Омерагиќ.







