„Мундо Депортиво“ го откри планот на Барселона за летниот преоден рок

Дерби

18/04/2026

14:58

165

Големина на фонт

а а а

Барселона и во оваа сезона остана без трофејот во Лигата на шампионите, но има можност да ја потврди доминацијата во Шпанија со уште една титула во Ла Лига.

Каталонците во претходната кампања ги освоија сите три пехари на домашната сцена, а пак во оваа можат да дојдат до две со оглед на тоа што веќе триумфирааа во Супер Купот, а имаат одлична предност во Примера.

Меѓутоа јасно е дека некои работи мора да се променат, потребна е свежа крв на „Камп Ноу“ и управат на клубот работи на потезите кога е во прашање летниот преоден рок. „Мундо Депортиво“ пренесува дека целта на Барса е да го задржи Жоао Кансело кој е на позајмица од Ал Хилал, плус да обезбеди три засилувања.

Актуелниот шпански шампион сака да ја засили одбраната со стопер, а и нападот со „деветка“ и крило. Хулијан Алварез е најголема желба, но и најскапа и има многу прашалници дали би можела да се реализира таква операција. Во исто време има е латернативи како Осимен, Влаховиќ, Серлот, па вчера се спомена и Муричи од Мајорка.

Кога е во прашање дефанзивецот во фокусот е Алесандро Бастони од редовите на Интер, а на крилната позиција се уште е најасно која ќе биде одлуката за Маркус Рашфорд и во игра се неколку други алтернативи како Вирџили од Мајорка, Ез Абде од Бетис кои веќе беа дел од клубот, но и Муњоз од Мајорка и Шелдеруп од Бенфика.