Холивудскиот актер Адам Сендлер (59) се појави на премиерата на новиот филм „Roommates“ во друштво на семејството, што веднаш привлече внимание бидејќи не го гледаме често со најблиските на јавни настани. На црвениот тепих во Лос Анџелес му се придружија сопругата Џеки Сендлер (51), како и нивните ќерки Сејди (19) и Сани (17).
Додека сопругата и ќерките за оваа прилика избраа елегантни фустани, Адам и овојпат остана доследен на својот препознатлив, лежерен стил и на премиерата пристигна во опуштено спортско издание.

Семејната поддршка отсекогаш му била најважна
Адам Сендлер никогаш не криел колку му значи семејството, а повеќепати истакнувал дека токму најблиските му ја даваат најголемата поддршка во животот и кариерата.
Кога станал татко, за родителството зборувал со големи емоции.

„Татковството е забавно. Прекрасно е. Го сакам тоа дете, умирам од желба да бидам татко“.
Во новиот филм „Roommates“ тој се појавува во помала улога, додека една од позабележителните улоги ја има неговата постара ќерка Сејди.
Ќерките на Адам Сендлер веќе градат актерски кариери
Двете ќерки на Адам веќе зачекорија во светот на актерството и се појавија во неколку проекти на познатиот комичар. Глумеа во остварувањата „Hubie Halloween“, „You Are So Not Invited“ и продолжението на филмот „Happy Gilmore 2“.
Сејди на филм дебитираше уште во 2008 година во комедијата „You Don’t Mess with the Zohan“, а истата година играше и во филмот „Bedtime Stories“.

Гордиот татко подоцна ѝ приреди и раскошна бат мицва, на која пееше фронтменот на групата „Maroon 5“, Адам Левин.
Помладата ќерка Сани покажа и талент за пеење
Ниту помладата ќерка Сани не заостанува кога станува збор за појавување на филм. Глумеше во повеќе проекти на својот татко, меѓу кои се „Grown Ups“, „Blended“ и „Murder Mystery“.
Покрај актерството, покажа и талент за музика, па настапувала заедно со татко ѝ. За нејзината бат мицва во 2022 година, Адам ѝ приреди посебно изненадување — на прославата дојде и Џенифер Анистон, неговата долгогодишна пријателка и колешка.

Иако „тежи“ стотици милиони, важи за скромен човек
Иако неговото богатство се проценува на дури 800 милиони долари, Сендлер во јавноста веќе со години важи за еден од најскромните славни актери. Поради начинот на живот многумина го нарекуваат и „најсиромашниот милионер“.
Според наводите на странските медиуми, повеќе сака хамбургери отколку луксузни оброци, знае да јаде остатоци од ресторан, купува мебел на бувјаци и често вози велосипед наместо скапи автомобили. Неговиот секојдневен стил е далеку од холивудскиот гламур, па јавноста најчесто го гледа во шорцеви и широк дуксер со качулка.

Иако пред неколку години купил куќа вредна повеќе од четири милиони долари, многумина сметаат дека, во споредба со другите ѕвезди од негов ранг, луксузот не е нешто на што му придава големо значење.
Големи донации далеку од рефлекторите
Освен по филмската кариера и специфичниот хумор, Адам Сендлер е познат и по големите хуманитарни донации. Се наведува дека донирал 10 милиони долари за детска болница, повеќе од 80 милиони долари за уметнички програми за деца, како и 50 милиони долари за помош на семејства погодени од природни катастрофи.









