[ВИДЕО] Најевтината земја за живот: Погледнете што сè можете да направите со само едно евро

Точка

15/04/2026

18:18

456

Големина на фонт

а а а

Според податоците на страницата „The World of Statistics“, Пакистан е прогласен за најевтина земја за живот.

Пакистан е прогласен за најевтина земја за живот. За да провери дали тоа навистина е точно, Џош Ларкин, популарен јутјубер од каналот „The Burnt Chip“, отпатувал во најголемиот град на оваа држава, главното морско пристаниште и финансиски центар – Карачи.


Во Карачи, тој заменил една британска фунта, околу 1,2 евра, за 400 пакистански рупии и се обидел да открие што може да купи за таа сума во текот на еден ден. Своите искуства ги снимил со камера и видеото го објавил на Јутјуб, каде што досега го погледнале речиси 4 милиони луѓе.


На почетокот на денот, Џош Ларкин се освежил со традиционалниот пакистански напиток „doodth“, кој се прави од млеко, шеќер, мраз и газирани пијалаци на улица, за само 30 рупии.

За ручек јадел „biryani“, луто јадење направено од ориз, компири и пилешко месо, а потоа испил Пепси за само 30 центи. За вечера уживал во морски плодови за кои потрошил приближно ист износ.


Во Карачи пробал јавање камила, се возел со тук-тук и гледал танц на отровни змии со звуци од флејта. За автобуски билет платил само три центи.

Додека шетал низ Карачи, открил дека изнајмувањето стан во тој град чини околу 50 британски фунти или 60 евра, што е најмалку пет до десет пати поевтино отколку во повеќето европски градови.

Што сè Џош Ларкин видел, доживеал и пробал во Карачи за нешто повеќе од едно евро во најевтината земја за живот, погледнете во неговото видео.