Дали знаевте? Шахот на Иран стои зад раѓањето на легендарниот G-Class

Точка

14/04/2026

15:39

613

Големина на фонт

а а а

Иако денес е симбол на луксуз и статус, "Mercedes G-Class" (G-Wagon) започнал како воено возило. Неговото создавање е директно поврзано со шахот на Иран, кој во 70-тите години иницирал развој на робустен теренец за воени потреби.

Легендарниот "Mercedes-Benz G-Class", познат ширум светот како "G-Wagon", првпат беше претставен во 1979 година. Името доаѓа од германскиот збор "Geländewagen|, што значи „теренско возило“. Но зад оваа икона на автомобилската индустрија стои интересна приказна која малкумина ја знаат – нејзиното создавање е тесно поврзано со шахот на Иран.

Во текот на 1970-тите години, Мохамед Реза Пахлави бил еден од најмоќните луѓе во светот, но и значаен акционер во |Mercedes Benz| (тогаш дел од Daimler-Benz). Тој имал јасна визија: на неговата армија ѝ било потребно издржливо, сигурно и мултифункционално возило кое може да функционира во сите услови – од пустини до планини.


Шахот нарачал околу 20.000 воени возила, што претставувало огромен поттик за германскиот производител да започне развој на нов модел. За реализација на проектот, "Mercedes" склучил партнерство со австриската компанија "Steyr-Daimler-Puch", специјализирана за воена техника.

Резултатот бил раѓањето на "G-Class" – робустен, квадратен SUV со погон на сите тркала, дизајниран првенствено за воена употреба. Во своите рани години, моделот бил далеку од денешниот луксуз: минималистички ентериер, максимална издржливост и способност да совлада најтешки терени.


Интересно е што во еден период проектот бил сметан за финансиски товар за компанијата. Но со текот на времето, "G-Class" успеал да преживее и да се трансформира. Од чисто воено возило, постепено се развил во цивилен SUV, а подоцна и во симбол на моќ, престиж и богатство.

Денес, "G-Wagon" е еден од најпрепознатливите модели на "Mercedes Benz", омилен меѓу познати личности, бизнисмени и љубители на оф-роуд возењето. Но неговата ДНК и понатаму ја носи оригиналната идеја – возило кое може да оди секаде.


Од воени потреби до глобален статус симбол – приказната за "G-Class" е доказ дека понекогаш најголемите легенди започнуваат како практични решенија за реални проблеми.

Дали сте фан на G-Wagon?