Торонто Репторс издвојува победа над Бруклин Нетс од 136:101, триумф со кој клубот од Канада го потврди пласманот во плејофот во НБА лигата и тоа како петтопласирана екипа на Истокот.
Ова значи дека Репторс во првата рунда на плејофот одат на Кливленд Кавалирс, но веќе овој резултат донесе историја за тренерот Дарко Рајаковиќ.
Србинот стана прв тренер од Европа кој успеал да одведе НБА екипа во плеј-офот.
-Не нема многу, па не е некое големо достигнување. Толку многу играчи, толку многу тренери од поранешна Југославија, особено од Србија, ми го овозможија овој пат. Без сите тие успеси на националниот тим, успесите на клубовите, на индивидуалните успеси, на играчите, а потоа и на тренерите, никогаш немаше да бидам на оваа позиција или тука, -порача Рајаковиќ.
BIG DUB 👏👏👏 pic.twitter.com/V0AXE2ESSd
— Toronto Raptors (@Raptors) April 13, 2026








