Наполи не успеа да го освои целиот плен на соочувањето со Парма на „Енио Тардини“ и на тој начин направи голем чекор назад во борбата за Скудетото особено ако се земе предвид дека лидерот Интер оствари триумф над Комо.
Сега „нероаѕурите“ имаат девет бода повеќе на шест кола до крајот и ќе биде потребен голем пресврт, чудо за да се смени ситуацијата и Наполи ја одбрани титулата во Калчото.
Тренерот Антонио Конте сигурно ќе ја одработи сезоната до крај, но што ќе биде понатаму останува дилема, прашалник откако самиот се понуди за позицијата селектор на италијанската репрезентација.
Сега пак ги обвини медиумите дека ги извртуваат неговите зборови.
-Не реков дека сум достапен за ништо. Имам уште една година од договорот со Наполи, а потоа на крајот од сезоната ќе разговарам со претседателот. Ве молам правилно да ги пренесувате моите зборови, бидејќи ако треба да бидат извртени, тогаш воопшто нема да зборувам, -порача тренерот на Елиф Елмас.








