Интер успеа со голем пресврт да слави над Комо (4-3) и можеби да направи клучен чекор кон враќање на Скудетото во своите витрини.
„Нероаѕурите“ губеа со 2-0 на ова соочување, но потоа беа максимално ефикасни кон голот на домаќинитете и се изборија за славје. Имено Интер упати пет удари во рамките на голот на Комо, а дури четири од нив завршија во мрежата што доволно говори за начинот на кој ги користеа своите шанси.
Николо Барела на овој меч забележа една асистенција, а при напуштањето на играта во 78 минута беше жестоко исвиркан од домашните навивачи.
Ова воопшто не го потресе Барела кој дури имаше и реакција со која саркарстично ги поздрави.
Barella risponde ai fischi dei tifosi del Como #ComoInter pic.twitter.com/h9NbTF6AWq
— zhang non muore mai 🖤💙 (@Zhanglimmortale) April 12, 2026








