Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа напредуваше осум позиции на најновата ВТА ранг листа.
Ѓорческа зад своето име има 385 поени што е доволно за 191 место на светот. Таа имаше добри изданија на Челинџер турнирот во Мадрид кои придонесоа да отиде осум чекори напред, ама ова се уште е далеку од нејзиниот најдобар резултат-170 место остварено во јуни 2017 година.
Магдалена Стоилковска пак со 3 поени е 1469 на планетава (се лизна три позиции). Лина има ранкинг и во двојки-1267 со 21 поен.
Кога се во прашање пак најдобрите нема промени, водечката петка и понатаму е Сабаленка, Рибакина, Гоф, Швјонтек и Американката Пегула.








