[ФОТО/ВИДЕО] Две бои на кожа, две бои на фустан: Манекенката ги руши стереотипите за убавина

Точка

12/04/2026

16:29

610

Големина на фонт

а а а

Манекенката Вини Харлоу блесна на доделувањето на американските награди „Fashion Trust“, одржано во Лос Анџелес и покажа неверојатна самодоверба во уште поневеројатна модна креација.

Имено за оваа свеченост и позирањето на црвениот килим, таа избрала двобоен асиметричен фустан со долга опашка, необична фризура со посебен детаљ покрај нејзината кадрава коса и исклучително впечатлива шминка.


Фустанот е составен и од корсет изработен од камчиња во неутрални бои, додека другиот дел од фустанот е од бел материјал што се собира во пределот на струкот, па од едната страна ги открил витките нозе на славната убавица.



Меѓутоа и накитот што го носела бил многу впечатлив и ефектен, исто колку и сè друго на неа – за посебна жена, сè треба да биде посебно.




Манекенката е позната по тоа што гордо ја покажува својата уникатност и ги руши стереотипите за убавина, а јасно е дека токму нејзината посебност е нејзиното најсилно оружје.