Ливерпул треба да води уште значајни битки до крајот на сезонава, а главната цел е да се обезбеди место во Лигата на шампионите за следната кампања.
За да се случи тоа „црвените“ треба да завршат во Топ 5 во Премиер лигата или пак да ја освојат ЛШ што во случајов би бил огромен резултат со оглед на сите проблеми низ целата години, но и фактот дека во четвртфиналето имаат сериозен минус во битката со ПСЖ без разлика на тоа што реваншот ќе го играат на „Енфилд Роуд“.

Веројатно и иднината на менаџерот Арне Слот завиви од тоа како екипата ќе ја комплетира тековнава кампања, меѓутоа медиумите имаа простор, го користат, па така „Мирор“ посочи како премиерлигашот може да изгледа во натпреварувачката 2026/2027.
Се работи за почетната постава која би била освежана, засилена со три имиња, тука е Французинот Жаке кој е веќе договорот од Рен, а останатите двајца би биле Камавинга и Минте кои во моментов се дел од Реал Мадрид, односно Брајтон.








