Микел Артета и неговите фудбалери се блиску да ја донесат толку посакуваната нова титула во Премиер лигата, но тоа не значи дека Арсенал нема да прави реконструкција на тимот по крајот на сезоната.
Инвестициите од претходното лето бараат излезни трансфери во текот на следниот преоден рок, а Артета и неговите соработници ќе мора да обезбедат и неколку засилувања на позициите каде има потреба за такво нешто.
Англиските медиуми тврдат дека пет фудбалери се на излезна врата во лондонскиот клуб, а фановите веројатно ќе бидат разочарани од фактот што меѓу нив се наоѓаат и две ултра талентирани момчиња кои потекнуваат од младинската академија.
Итан Нванери и Мајлс Луис-Скели не можат да добијат соодветен простор во Арсенал, па клубот ќе слуша понуди за нив и очекува да добие околу 100 милиони фунти за талентираните играчи. Она што ги прави посебно примамливи излезните трансфери на овие фудбалери е што Арсенал би можел да ја регистрира целата сума како профит, бидејќи Нванери и Луис-Скели се производ на сопствената младинска академија.
На списокот се Габриел Мартинели, Габриел Жезус и Бен Вајт, а прашање е дали Артета ќе остане на ставот да го задржи Мартин Одегард, чиј договор ќе влезе во последните две години.
Во однос на засилувањата, Артета е заинтересиран за Тино Ливраменто и Сандро Тонали од Њукасл, како и за Оскар Мингеза од Селта, додека истовремено ќе биде откупен одговорот на Пјеро Инкапи.








