Пензионираниот француски фудбалер и поранешен репрезентативец Франк Рибери ја заврши својата професионална кариера во 2022 година. Се прослави играјќи за Баерн Минхен, каде помина 12 години. Сепак, во медиумите често беше присутен и поради својата тешка животна приказна.
Рибери никогаш не ги запознал своите родители, кои го оставиле на прагот на еден манастир, па целиот живот го поминал како сирак. Луѓето го исмејувале и го нарекувале Квазимодо.
Имено, на неговиот изглед влијаела сообраќајна несреќа што ја доживеал како дете. Таа го довела до работ на смртта на само две години и му предизвикала проблеми со лицето, вилицата и забите, но успеал да ги надмине.

Неговото лице и денес сведочи за сè низ што поминал. Затоа Рибери никогаш не сакал да направи пластични операции за да ги сокрие лузните, а често истакнувал дека токму тешките моменти го изградиле како личност.
„Луѓето ми велеа: ’Погледни му го лицето, погледни му ја главата! Каков е тој белег? Грд е!‘ Каде и да одев, луѓето ме гледаа. Не ме гледаа затоа што сум добар човек, затоа што се викам Франк или затоа што сум добар фудбалер. Ме гледаа поради белегот на лицето“, изјавил Рибери во една прилика.

Неговиот живот го привлече вниманието на јавноста и кога беше објавено дека се жени и дека преминува од католицизам во ислам поради својата сопруга Вахиба Белхами. Заедно имаат пет деца, а неговото исламско име е Билал Јусуф Мохамед.
Рибери во 2010 година се најде во центар на скандал, но ниту таа многу непријатна ситуација не успеа да го уништи неговиот брак. Имено, поминал ноќ со малолетна проститутка, Захија Дехар, која подоцна го откри случајот, со намера да профитира.

„Таа 2010 година беше ужасна за мене. Нема ни да ги спомнувам повредите со кои се борев. Скршнав од патот и во приватниот и во фудбалскиот живот. Се изгубив себеси и повредив блиски луѓе. Разочарав многумина, па дури и шокирав, и поради тоа сакам да се извинам“, изјавил Франк.
Захија тогаш добила 700 евра за вечерта помината со фудбалерите. Во јануари 2014 година, париски суд ја отфрли тужбата против француските фудбалери Карим Бензема и Франк Рибери, во која беа обвинети за заведување на малолетничката. Им се закануваше затворска казна до три години, а самата Захија Дехар изјавила дека ги излажала играчите тврдејќи дека е полнолетна.








