Шпанските медиуми често шпекулираат на многу теми поврзани со Реал Мадрид, но клубот ретко се решава да демантира шпекулации со официјално соопштение.
Овојпат тоа се случи поради информацијата презентирана во емисија на „Кадена СЕР“, во која новинарите најавиле дека Реал ја менува клупската политика и ќе ангажира спортски директор.
– Реал Мадрид објавува дека информацијата презентирана синоќа во програмата „Ел Ларгуеро“ на „Кадена СЕР“, во која се наведува дека нашиот клуб размислува за додавање спортски директор во својата структура, е целосно лажна.
– Клубот многу ја цени работата што ја извршува спортскиот менаџмент на клубот, кој ни овозможи да имаме еден од најуспешните периоди во нашата историја со освојување на бројни титули, вклучувајќи 6 Европски купови за 10 години.“, – стои во соопштението на шпанскиот клуб.
Инаку, реакцијата беше предизвикана откако новинарот Антон Меана синоќа најавил засилувања на одредени позиции во тимот на Реал, но и тоа дека Флорентино Перез и соработниците размислуваат да ангажираат спортски директор и агенција за регрутирање веќе разгледувала различни профили на оперативци кои би можеле да одговорат на задачата.








