Матераци го „поздрави“ Јунајтед: Ја направија најголемата трансфер грешка во историјата на фудбалот

Дерби

09/04/2026

15:17

259

Големина на фонт

а а а

Со исклучок на минатиот летен преоден рок во кој се изврши добра работа, трансфер одлуките на Манчестер Јунајтед како клуб малку кој можеше да ги разбере во претходните неколку години, а во низата киксови посебно се издвојува продажбата на Скот МекТоминеј.

Фудбалерот кој стана прекуброен за „ѓаволите“ прерасна во еден од најдобрите играчи за врска во светот, па почитта која ја ужива во Италија дефинитивно е сосема заслужена.

Во својата прва сезона во Серија А, МекТоминеј го водеше Наполи до титулата во домашниот шампионат и беше избран за најдобар играч, а бидејќи игра во одличен ритам и во сезоната која не е толку регуларна за „наполитанците“, легендарниот Марко Матераци не пропушти да ја апострофира кардиналната грешка на Англичаните.

– МекТоминеј е фантастичен играч во секој поглед. Не можам да разберам како Манчестер Јунајтед го продаде речиси за ништо. Пристигна за околу 30 милиони евра, а тој вреди најмалку двојно повеќе, а можеби и повеќе.

– Тоа е најголемата трансфер грешка во историјата на фудбалот и нема никаков сомнеж во тоа. Уживам да го гледам МекТоминеј, дури и кога имаше 18 или 19 години, му велев на мојот син дека ова момче ќе биде едно од најдобрите во светот. Не му дозволија да го направи тоа во Јунајтед, но сега е меѓу најдобрите во светот во Наполи, – вели „Матрикс“.