Хаман го критикувал Компани за еден потег на дуелот со Реал: Тоа беше голем ризик

Дерби

10/04/2026

12:21

231

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен победи на првото соочување со Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но предноста од еден гол не е гаранција за мирен реванш во Германија.

Тоа го потенцирал и поранешниот германски репрезентативец, Диди Хаман, кој во својата стручна анализа потенцирал дека тренерот Венсан Компани направил и една грешка, која не била казнета од противникот.

Хаман алудирал на двојната замена во вториот дел, со која во игра влегоа Мусиала и Дејвис.

– Мора да го критикувам тој потег. Тие двајца фудбалери немаат сериозни минути зад себе последниот период, па беше голем ризик да ги внесе во моментите кога Белингам ја имаше преземено контролата на теренот.

– Компани се извлече бидејќи Баерн не беше казнет и тие на направија некоја конкретна грешка, но јас би ги ставил Горецка и Бишоф, тоа сигурно ќе беше подобра солуција, – рекол Хаман.

Легендарниот Германец предупредува дека ранетиот Реал е опасен, но сепак очекува Баерн да обезбеди полуфинале.

– Баерн требаше да постигне трет гол за да си го направи реваншот полесен. Реал е опасен, посебно со Белингам кој ќе биде стартер на вториот натпревар, но истовремено и не е најсигурен во дефанзива. Баерн би требало да избори место во следната фаза, но секогаш треба да се биде внимателен против екипа која во своите редови има играчи како Мбапе, Винисиус и Белингам, – рекол Германецот.