Левандовски избрал нов тим, неговиот агент преговара со екипа од Серија А

Дерби

10/04/2026

12:18

204

Големина на фонт

а а а

Барселона се уште не пресекла околу одлуката дали да му понуди нов, краткорочен договор на Роберт Левандовски, но полскиот фудбалер очигледно донел одлука за својата следен чекор.

„Газета дело Спорт“ тврди дека агентот на полскиот напаѓач веќе има стапено во комуникација со Милан, клубот кој Левандовски го избрал за своја следна дестинација.

Финансиските услови подразбираат голема плата, но не и отштета за напаѓачот, па сега топката е префрлена кај Милан, чие раководство треба да одлучи дали сака соработка со полскиот репрезентативец.

Претходно, Левандовски се поврзуваше со Јувентус, кој исто така има потреба од искусен напаѓач, но Левандовски очигледно сака да игра со Лука Модриќ, кој на сличен начин дојде во Италија претходното лето.

„Росонерите“ ќе играат во Лигата на шампионите, а тренерот Макс Алегри сезонава може да биде задоволен од искусните играчи кои ги доведе на „Сан Сиро“.